Реал Мадрид загуби од Џирона во 31. коло од шпанското првенство со 4:2. Сите четири гола за домашниот тим ги постигна Валентин Кастелјанос, додека за Реал погодија Винисиус Жуниор и Лукас Васкез.
„Ова боли, мора да се вратиме што е можно поскоро. Ова беше една од најлошите ноќи. Многу тешко…“, изјави разочарано Карло Анчелоти.
Тој вели дека потфрлил комплетниот тим.
„Сите се виновни, сите беа лоши. Начо? Нема да зборувам за поединци. Сите играа под своето ниво. Одбранбено, бевме страшни. Навистина страшно. Бевме нервозни, не победувавме во дуелите. Она што го видовте не беше тим. Им се извинуваме на навивачите. Ова не беше тимска игра. Кога играме како тим, можеме да победиме секого. Кога не играме, се случува ова“, потенцираше тренерот на Реал Мадрид.