Српскиот претставник Партизан го шокираше Реал во Мадрид со триумф од 87:89 и направи брејк на стартот од четвртфиналната серија од плеј-офот во Евролигата. Кевин Пантер одигра фантастичен натпревар, постигна 26 поени меѓу кои и решавачката тројка на 0,4 секунди до крајот. „Кралевите“ имаа еден поен позитива, а тогаш Пантер ја зеде топката и одлучи сам да го реши натпреварот, постигнувајќи тројка со шут од осум метри.
KEVIN PUNTER WINS IT IN MADRID⚪️⚫️#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/Xqbh4yF17I
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) April 25, 2023
Во редовите на Реал, блескаше Габриел Дек со 24 поени и осум скока, но на крајот сепак славата му ја одзеде Кевин Пантер.
По два дена серијата повторно продолжува со меч во Мадрид.
Макаби Тел Авив веднаш му ја одзеде предноста на домашниот терен на Монако совладувајќи го со 67:79. Вејд Болдвин со 20 поени, шест скока и шест асистенции беше предводник во триумфот на израелскиот тим.