Top Sport

Јувентус без Влаховиќ на куп-реваншот против Интер

Фудбалерите на Јувентус утревечер го играат реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија против најголемиот ривал Интер. „Бјанконерите“ во „Дербито на Италија“ останаа без српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, кој го повреди зглобот на последниот тренинг пред патувањето во Милано.

Оваа информација на прес-конференцијата ја потврди тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

„Душан Влаховиќ го повреди глуждот, па нема многу шанси да биде подготвен за утрешниот натпревар“, изјави тој.

Во Торино се одигра првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија, кој заврши со резултат 1:1.

Scroll to Top