Денвер Нагетс и Феникс Санс закажаа меѓусебен дуел во полуфиналето, во Западната конференцијата. Двата тима со 4:1 ги добија четвртфиналните серии против Минесота Тимбервулвс, односно ЛА Клиперс. На Истокот, Атланта по драмтичната победа во Бостон го намали резултатот во серијата на 2:3.
Никола Јокиќ и Џамал Мареј ги предводеа Денвер Нагетс до победата над „Волците“ од Минеаполис 112.109.
Мареј постигна 35 поени, а Јокиќ одигра необичен меч, погоди само осум од 29 обиди од поле, но стигна до трипл-дабл со 28 поени, 17 скока и 12 асистенции.
Ова беше втор трипл-дабл за Србинот во серијата со Минесота и осми во кариерата во плеј-офот.
„Промашував цела вечер, но моите соиграчи веруваат во мене и јас верувам во себе“, изјави Јокиќ.
Во победата придонесоа Арон Гордон со 14 поени и шест скока, а Брус Браун со 14 поени.
Во тимот на Минесота најефикасни беа Ентони Едвардс со 29 поени, осум скока и седум асистенции и Карл-Ентони Таунс со 26 поени со 11 скока. Руди Гобер додаде 16 поени и 15 скока, а Никејл Александер-Вокер 14 поени.
Во Аризона, Девин Букер го одигра најдобриот меч во кариерата, со 47 поени го предводеше Феникс до победата над ЛА Клиперс 136:130. Букер во својата статистика запиша и 10 скока и осум асистенции. Букер половина од поените постигна во третата четвртина. Погоди 10 од 11 обиди од поле за 25 поени.
Покрај Букер одличен меч одиграа и останатие од „големата четворка“ на Феникс. Кевин Дурент постигна 31 поен, Диандре Ејтон забележа 21 поен и 11 скока, а Крис Пол 15 поени, седум асистенции и пет скока.
ЛА Клиперс и овој меч го одиграа без најголемите ѕвезди Каваи Ленард и Пол Џорџ. Најефикасни беа Норман Пауел со 27 поени, со 20 поени и 10 скока, Ивица Зубац имаше 16 поени и 10 скока, а ветаранот Николас Батум постигна 19 поени.
Атланта Хокс го вратија брејкот и останаа во игра во серијата против Бостон Селтикс. Хокс славеа во Бостон со 119:117. Гостите од Атланта на шест и пол минути до крајот имаа минус од 13 поени (109:96), во мечот се вратија со сериката 15:2 која ја иницираа Тре Јанг и Џон Колинс.
На крајот Јанг беше апсолутен херој со тројката која ја погоди на две секунди до крајот.
Јанг мечот го заврши со 38 поени, Колинс постигна 22, а одличен меч одигра и Богдан Богдановиќ со 18 поени.
Џејлен Браун со 35 поени, седум скока и пет асистенции, односно Џејсон Тејтум со 19 беа најефикасни кај Бостон.