Новак Ѓоковиќ доживеа разочарување на минатонеделниот АТП турнир во Бања Лука, но повеќе од елиминацијата во четвртфиналето на Српска опен 2023, кај него ќе предизвика видеото кое денеска се појави на социјалните мрежи.
Ѓоковиќ на Српска опен 2023 беше сензационално исфрлен од сонародникот Душан Лајовиќ во четвртфиналето, но и покрај тоа што во Бања Лука пристигна како најголема ѕвезда и со себе повелече звучни тениски имиња, од целиот тој настан не биа сите задоволни.
Поточно, Ѓоковиќ не го воодушеви контроверзниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, кој како гостин на локалната РТС, кажа што мисли за семејството Ѓоковиќ.
Снимката е направена во емисијата „ОКО“ пред да започне вистинското емитување.
„Можам да ти кажам дека овие Ѓоковиќи се тешки у п…у матер. Нашиве сето тоа го доживуваат емотивно, но кога ќе се зафатиш за работа, уфф… цигани, можам да ти кажам. Неговите соработници и уште губи во полуфиналето… Не во полуфиналето, во четвртфиналето.“, вели Додик во „триесет секунди целосно лудило“, како што некои медиуми од Босна и Херцеговина ја нарекоа оваа изведба.
Воопшто не е потребно видеото да предизвика различни реакции во регионот, а времето ќе покаже дали ќе се огласи и Новак Ѓоковиќ.
Турнирот во Бања Лука (Српска опен) на крајот го освои Душан Лајовиќ, 32. тенисер во светот, кој во финалето го совлада Русинот Андреј Рубљов со 2:1 во сетови (6-3, 4-6, 6-4).
Dodik o Đokovićima 1: "Ciganija je to poprilična".
Dodik o Đokovićima 2 (parafraza): "zloupotrebljavam politiku za biznis, a kad uđeš s Đokovićima u poso' teški su, auuu, u pi#ku materinu".
Ko sa Dodikom, putinovim pudlicom, tikve sadi, o glavu mu se lupaju. pic.twitter.com/TGGGUDUgKw
— Advokat Čedomir Stojković 🇷🇸🇺🇦 (@FIGHT_4_RIGHT_S) April 26, 2023