Top Sport

Барнли доминантно до титулата во Чемпионшип

Фудбалерите на Барнли се вратија во Премиер лигата како шампиони на Чемпионшип дивизијата.

Барнли победи со 1:0 кај Блекбурн Роверс во заостанатиот натпревар од 37.коло и официјално ја потврди титулата во втората англиска лига. Три кола претходно Барнили теоретски обезбеди пласман на една од првите две позиции.

Пред последните две кола, избраниците на Винсент Компани стигнаа до недостижни 95 бода, 13 повеќе од второпласираниот Шефилд Јунајтед кој има два натпревари помалку.

„Титулата“ ја донесе Мануел Бенсон со гол во 66. минута на натпреварот против Блекбурн.

Екипата на Компани оваа сезона целосно доминираше во Чемпионшип со само три порази во 44 кола.

Ова е четврти пат во историјата на Барнли да ја освојува втората лига на англискиот фудбал, а во Премиер лигата се враќа по само една сезона.

Шефилд јунајтед се на чекор од второто место кое води и директно во Премиершип, додека Лутон и Мидлсброу се најблиску до плејофот.

Драматично ќе биде и за преостанатите две места, на кои се борат Ковентри (66 поени), Сандерленд (65), Милвол (65), Блекбурн (65), Вест Бромвич Албион (63), Престон (63), Норич (62) и Свонси (62).

Scroll to Top