Осумкратниот светски шампион Марк Маркез нема да вози на Шпанското ГП, четвртата трка сезонава во Мото ГП шампионатот, бидејќи се уште не се опоравил од скршеницата на раката.
Возачот на Репсол Хонда заработи фрактура на метакарпалната коска на десната рака на првата трка, во Португалија, во инцидент што самиот го предизвика. Во тој инцидент од патеката излета и Мигел Оливеира.
Поради таа грешка, Маркез беше казнет со двоен долг круг на ГН на Аргентина, која беше следната трка во календарот, но бидејќи тој ја пропушти, дирекцијата на трката ја смени формулацијата на казната со тоа што ќе биде одлежан на следната трка на која ќе учествува.
Промените во формулацијата доведоа до жалбата на Хонда, која се уште не е решена, а очигледно решение нема да добиеме ниту во Херез, бидејќи Маркез не вози.
Шпанскиот мотоциклист ги пропушти трките во Аргентина и САД. Во Аргентина немаше замена, додека тест возачот на Хонда, Стефан Брадл, го зазеде неговото место во Остин.
Германецот нема да го замени Маркез на патеката „Ангел Нието“, но шанса ќе ја добие возачот во Светскиот шампионат во супербајк, Икер Лекуона.
Хонда објави дека Маркез продолжува со рехабилитацијата и дека целта му е да се врати на патеката за две недели, кога ќе се одржи трката во Ле Ман.