Кариерата на освојувачот на два шампионски прстени во НБА, Каваи Ленард, влегува во голема неизвесност, откако кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс го скинал менискусот на десното колено.
Ленард има огромни проблеми со повредите откако дојде во Лос Анџелес во 2019 година.
Се шпекулираше дека големата ѕвезда не игра поради семејни проблеми, со оглед дека неговата сестра извршила убиство и заглави во затвор, но, сепак, повредата е главна причина за неговото отсуство.
Без Ленард во тимот, Лос Анџелес Клиперс беа поразени од Феникс во сите три преостанати натпревари.