Меѓународната мотоциклистичка федерација (ФИМ) соопшти дека е откажана трката за Големата награда на Казахстан во Мото ГП шампионатот, која требаше да се одржи на 9 јули.
Како што се наведува во соопштението на ФИМ, оваа трка нема да биде заменета, па во календарот на Мото ГП шампионатот оваа сезона ќе има 20 трки.
„Работите на патеката, заедно со актуелните глобални предизвици, не принудија да ја откажеме трката“, се вели во соопштението.
Сезонава веќе се одржаа три трки, а следната е закажана во Шпанија на 30 април.