Мaшката ракометна репрезентација на Македонија го завери пласманот на Европското првенство 2024, откако ја исполни целта и го победи Луксембург на гости со 23:28. В недела во Скопје, нашите ракометари ќе ја пречекаат Турција и со оглед на разликата во квалитет и на победата од првиот натпревар, само ќе стават шлаг на добрите квалификации.
Луксембург се држеше во ритам дваесетина минути, но Македонија сепак успеа да се одлепи пред полувремето и замина со три гола предност (11:14).
Голманот Марко Кизиќ имаше 10 одбрани, Филип Талески постигна осум гола, а следеа Кузмановски и Серафимов со по четири.
Најефикасен нa мечот беше домашниот ракометар Кајсен кој постигна 10 гола.