Top Sport

Н’Голо Канте од лето се сели во Арсенал?

Н’Голо Канте е подготвен да му се приклучи на Арсенал по завршувањето на актуелниот шампионат. „Топчиите“ му понудија договор на две сезони на 32-годишниот Французин, кој моментно настапува за градскиот ривал Челси. Финансиските услови за играчот од средниот ред во неговиот нов клуб ќе бидат исти како и на „Стемфорд бриџ“.

Актуелниот договор на Канте со Челзи истекува во јуни оваа година. Францускиот репрезентативец подолг период беше повреден и оваа сезона одигра само четири натпревари во Премиерлигата без постигнат гол.

Канте во 2016 година стана шампион со Лестер, а претходно играше за француските клубови Каен и Булоњ.

Scroll to Top