Руската тинејџерка Мира Андреева забележа уште еден сензационален резултат на Мастерсот во Мадрид. Андерева во два сета ја победи Бразилката, Беатрис Хадад Маја.
Андреева, има 15 години и во Мадрид дојде со серија од 11 победи и две титули на ИТФ челинџер турнирите.
Во првото коло таа ја победи финалистка на Ју-ес опен во 2021 година, Канаѓанката Лејла Фернандез (моментално 49-та во светот), а денеска во два сета славеше против 14. во светот, бразилската тенисерка Беатрис Хадад Маја.
Андреева беше подобра по два часа и 13 минути игра, со резултат 7:6, 6:3.
Моментално рангирана на 194. место во светот, таа стана седмата тенисерка во 21. век која имала 16 години или помллку години кога славела против тенисерка од Топ 20.
Последна што го направи тоа беше Коко Гоф против Наоми Осака пред три години на Австралија опен.
Андреева во следното коло ќе игра против сонародничката Маркета Вондроусова или Магда Линет од Полска.
THE RUN CONTINUES!
Mirra Andreeva stuns World No.14 Beatriz Haddad Maia 7-6, 6-3 to reach the third round of the Mutua Madrid Open.
Big comeback from 3-6 down in the opening set tiebreak. Absolutely clutch and clean tennis from Mirra today! pic.twitter.com/8Bu8K4xy1h
— WTARussians (@WTArussians) April 27, 2023