Еден неименуван член на тренерскиот тим на Манчестер јунајтед вели дека капитенот Хери Мегваер би „блеснал“ под водство на тренер како Пеп Гвардиола во Манчестер сити, се тврди во последниот извештај на „Атлетик“.
Мегваер пристигна на „Олд Трафорд“ за рекордни за дефанзивец 80 милиони фунти од Лестер сити во 2019 година, а во јануари 2020 по заминувањето на Ешли Јанг во Астон вила стана капитен на клубот, играјќи ги сите минути во првата сезона во Премиерлигата. Тој отсуствуваше од финалето на Лига Европа во 2021, кога тимот на Оле Гунар Солскјер загуби од Вилјареал на пенали, и оттогаш се мачи во клубот, иако за Англија беше стандарден на ЕП во 2020 и на СП минатата година.
Оваа сезона, тој почесто се наоѓа на клупата под Ери Тен Хаг, и според членот на тренерскиот тим на „ѓаволите“ работите би биле целосно поинакви ако се приклучил на синиот клуб од Манчестер.
„Мегваеер е добар фудбалер во хаотична околина, и би бил мега-ѕвезда во тим со стабилност и тактичка подготовка каква што има под Гвардиола“, вели тренерот.
Гвардиола во 2019 година призна дека Сити сакале да го купат Мегваер, но дека не им се давало 80 милиони фунти.
„Мегваер е одличен фудбалер од топ-класа. Бевме заинтересирани, но не можевме да си го приуштиме. Јунајтед си го приуштија. Тој е силен во воздух, добар со топка и многу брз. Ги има сите квалитети и им честитам на Јунајтед за договорот“, изјави тогаш Пеп.
Harry Maguire is the world's most expensive defender.
He was wanted by Pep Guardiola and a hero for club and country.
Now he's a peripheral figure at Manchester United — this is why. #MUFC
Special report by @AdamCrafton_
— The Athletic | Football (@TheAthleticFC) April 27, 2023
"We were interested, but we could not afford it. United afford it." 💷
Pep Guardiola admits @ManCity couldn't afford Harry Maguire: https://t.co/f7hNyoKS81 pic.twitter.com/ejfwp5zDkG
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) August 5, 2019