Фиорентина се пласираше во финалето на Копа Италија каде што ќе се судри со фаворизираниот Интер, откако во вториот меч против Кремонезе на домашниот „Артемио Франки“ одиграа само 0:0.
Гостинската победа од 2:0 беше доволен Виола да се пласира во големото финале, каде што ќе се обиде да осигура прв трофеј од 2001 година, кога по шести пат ја освоија титулата од италијанскиот куп. Во финалето, Фиорентина ќе игра со Интер, кои вчера со 1:0 го совладаа Јувентус по првичните 1:1 за пласман во финалето.
Финалето се игра на „Олимпико“ во Рим на 24 мај.