Возачот на Ферари, Шарл Леклер денешната спринт трка, во престолнината на Азербејџан Баку, ќе ја започне од пол-позицијата. Леклер, вчера, се избори за пол-позицијата и за утрешната трка за Големата награда на Азербејџа,
Леклер, пол-позицијата ја избори со резултат 1:41.697 минути, а тоа му успеа иако во финишот удри во заштитниот ѕид.
Најблиску до возачот на Ферари беше Серхио Перез во болидот на Ред Бул, кој заостана 147 илјадитинки, додека бранителот на титулата Макс Верстапен беше трет.
Charles Leclerc is in the barriers!!!!
He won't get to do a final run, but still holds onto provisional pole! 😱#AzerbaijanGP #F1Sprint pic.twitter.com/rOnE8rwf3a
— Formula 1 (@F1) April 29, 2023
Водечката тројка ја следеше Џорџ Расел во Мерцедес, пред вториот возач на Ферари, Карлос Саинц и тимскиот колега Луис Хамилтон. Расел вчера во квалификациите за главната трка имаше лош резултат, заврши на 11.место.
Возачот на Вилијамс Алекс Албон беше седми, пред дуото на Астон Мартин Фернандо Алонсо и Ленс Строл, а топ 10 го комплетираше Ландо Норис во Мекларен.
Спринт трката, прва оваа сезона, ќе започне во 15.30 часот.