Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер „долеа масло на оганот“, велејќи дека возачот на Мерцедес, Џорџ Расел имал среќа што носел кацига при разговорот со неговиот возач Макс Ферстапен по вчерашната спринтерска трка во Азербејџан.
Расел и Ферстапен беа вклучени во борба за позиција во првите неколку кругови и Расел успеа да излезе како победник на стартот, а Ферстапен остана со дупка на болидот. Подоцна во трката, тој го помина Расел, но не беше задоволен по крајот на трката, соочувајќи се со Британецот и нарекувајќи го „к.роглав“. Хорнер немаше намера да ја смири тензијата.
„Нормално беше вознемирен и му го кажа тоа на Џорџ. За среќа, Џорџ носеше кацига кога зборуваа. Макс е како слон, нема да го заборави ова“, изјави Хорнер.
Шефот на Мерцедес, Тото Волф, пак, го потсети Ферстапен на сите слични ситуации кои тој ги имал во минатото.
„Секогаш е забавно кога има пријателски разговор меѓу возачите. Се судрија, Макс имаше голема дупка во болидот, и разбирливо е што е лут. Но, од друга страна, Џорџ бранеше позиција. Ова не е првпат да се случува“, вели Волф.
George and Max have a tense post-Sprint debrief over their Lap 1 contact 😅#AzerbaijanGP #F1Sprint pic.twitter.com/TjtwOyu5ff
— Formula 1 (@F1) April 29, 2023
A closer look at the tense encounter between Max and George on Lap 1! 👀 #AzerbaijanGP #F1Sprint pic.twitter.com/C1JOnQ8uQ4
— Formula 1 (@F1) April 29, 2023