Дефанзивецот на Манчестер сити, Ајмерик Лапорт би можел да биде дел од плановите на Пари Сен-Жермен за „реконструкција“ на одбраната на францускиот тим. ПСЖ бараат нов бек, а 28-годишниот Лапорт, кој оваа сезона има само осум старта во Премиерлигата под Пеп Гвардиола.
ПСЖ веќе го договорија Милан Шкринијар од Интер како слободен играч, но договорот на ветеранот Серхио Рамос завршува на крајот на сезоната, а иднината на Преснел Кимпембе е неизвесна, така што „Л’Екип“ смета дека е Лапорт би се вклопил совршено во тимот на Кристоф Галтие (ако тој остане на клупата). Друга опција е и Лукас Ернандез од Баерн Минхен.