Top Sport

Салернитана ја расипа прославата под Везув – Наполи ќе почека за скудетото

Сонот кој се сонуваше 33 години, третата италијанска титула на Наполи, прва по ерата на Диего Армандо Марадона во 1990, ќе го почека своето реализирање, откако ниту преполниот стадион, кој сега го носи името на легендарниот Аргентинец, не беше доволен за победа над ривалот од југот, Салернитана, одигрувајќи 1:1

Откако претходно Интер со 3:1 го совлада Лацио, на Наполи им беше потребна победа за да избегаат на 20 поени предност пред второпласираниот клуб од Рим, а и покрај славеничката атмосфера, беа потребни час игра да дојдат во водство. Во 62. минута, само две минути откако во игра влезе и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Уругваецот Матијас Оливера по еден корнер со силен удар со главата донесе 1:0 водство.

Но, кога се очекуваше да почне фештата во Неапол, Булаје Диа во 84. минута постигна апсолутно прекрасен гол за израмнување. Во следното коло, Наполи гостува кај Удинезе.

СЕРИЈА А, 32.КОЛО
Наполи – Салернитана 1:1
Сасуоло – Емполи 2:1
Кремонезе – Верона 1:1

Scroll to Top