Иако Пари Сен-Жермен по првото полувреме губат со 1:2 од Лориен, главна тема на социјалните мрежи не е новата лоша домашна партија на доминантниот француски тим, туку неверојатниот гол на Килијан Мбапе.
ПСЖ од 20. минута играат со играч помалку по вториот жолт картон на Ашраф Хакими, за девет минути подоцна, Мбапе да го искористи неверојатниот пропуст на голманот на гостите, Ивон Мвого, кој му ја остави топката пред нозете на францускиот напаѓач, кој реши да го искористи подарокот.
le but de Mbappé mdrrrrr y’a que en ligue 1 que y’a des buts comme ça pic.twitter.com/ocj0jUSPyl
— 🇻🇦🇨🇷✨ مارفن ن (@mrvtrlpsg) April 30, 2023