Арсенал и Ливерпул се во трка за потписот на хрватскиот фудбалер од средниот ред на Рен, Ловро Мајер, тврди „Дејли мејл“ со цена од над 30 милиони фунти.
25-годишниот Мајер се проби во тимот на Динамо Загреб со два гола и пет асистенции во осум меча од Лига Европа во 2020/21 сезона за пласман во четврт-финалето, по што во 2021 се пресели во Франција, каде што има 6 гола и 8 асистенции во 29 меча во Лига 1, а беше дел и од хрватската репрезнтација на СП во Катар.