Top Sport

Пеко Бањаја се врати со победа во Херез

Откако на претходните две трки имаше незгодни падови, светскиот шампион, Франческо „Пеко“ Бањаја триумфираше на Шпанското ГП во Херез, победувајќи двајца возачи на КТМ, Јужноафриканецот Бред Биндер и Австралиецот Џек Милер во возбудлива завршница.

Бањаја го совлада Биндер во тесна завршница во трка која беше прекината по првиот круг по тешкиот пад на Фабио Квартараро и Мигуел Оливеира. Во поголемиот дел од 24-те круга во Херез, Бањаја се бореше со двојката на КТМ за да ја оствари својата втора победа оваа сезона.

Бањаја е лидер во генерален пласман со 87 поени пред Марко Беѕеки, кој исто така не ја заврши трката во Херез, со 65, а следна на календарот е трката во Ле Ман, Франција, на 14 мај.

Scroll to Top