Mајами хит направи пресврт во второто полувреме за да стигне до 108:101 победа над Њујорк никс во „Медисон сквер гарден“, правејќи „брејк“ во првиот меч од полуфиналето на Источната конференција.
Никси имаа подобар почеток, правејќи разлика од 13 поени, но таа се „истопи“ до крајот на полувремето, пред Мајами да ја преземе иницијативата. Џими Батлер, најдобриот кошаркар на Хит, се повреди при 95:90 предност на гостите, а по обидот за камбек на Никси, со серија 12:2 ја обезбедија победата.
Батлер заврши со 25 поени, 11 асистенции и 4 сока и сега е најдобар стрелец во досегашниот тек одд плејофот. Гејб Винсент додаде 20 поени и 5 асистенции, а Кајл Лаури заврши со 18 поени. Кај Њујорк, Ар Џеј Берет имаше 26 поени и 7 асистенции.