Top Sport

Историја! Алегри во 100 меча стартуваше со 100 различни стартни постави

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри повторно е на мета на критичарите, откако статистиката покажува дека по враќањето во Торино, во 100 меча стартувал со 100 различни стартни постави.

По трите порази во низа и елиминацијата од Интер во полуфиналето на Копа Италија, Алегри одговараше луто на последните прес-конференции велејќи дека ако сакаат „забава“, критичарите треба да одат на циркус, а не на фудбал.

Во досегашните 99 мечеви на клупата на Јувентус по враќањето на клупата во 2021 година, Алегри има 54 победи, 19 ремија и 26 порази.

Scroll to Top