Дејан Станковиќ иако понуди оставка, сепак, ќе остане на клупата на Сампдорија до крајот на сезоната. Италијанските медиуми утрово открија дека Станковиќ поднел оставка веднаш по убедливиот пораз (5:0) од Фиорентина, но раководството на клубот решило да го задржи до крајот на сезоната.
Сампдорија е на пат кон Серија Б, само чудо може да ја задржи во елитата, а големо прашање е што ќе биде со клубот бидејќи е во огромни финансиски проблеми.
Станковиќ во октомври го замени Марко Џампаоло во момент кога тимот беше во зоната за испаѓање, а и тој не успеа да ја извлече од лошата ситуација.
Toj има договор до 30 јуни, а автоматски ќе биде продолжен само доколку обезбеди опстанок за кој речиси и да нема никакви шанси.