Top Sport

Крстевски: Добивме силна група, ќе ни послужи за воигрување за квалификациите

Чешка, Израел и домаќинот на групата Естонија се противниците на кошаркарската репрезентација на Македонија на олимписките претквалификации кои оваа година ќе се одиграат во периодот од 12. до 20. август.

Своите очекувања ги истакна Бојан Крстевски, стандардното крило на нашиот сениорски национален состав.

„Можевме да поминеме и подобро во ждрепката. Добивме силни, квалитетни противници. Еден од нив е домаќинот на турнирот во Талин, селекцијата на Естонија. Но, уште поголем квалитет се и Чешка и Израел, постојани учесници на Евробаскетот. Наша цел на турнирот ќе биде да направиме добра подготовка за она што нѐ чека во евроквалификациите. Да се воиграме уште подобро за новиот циклус во кој се бара место на Евробаскет”, анализира крилниот кошаркар, по ждрепката на групите за олимписките претквалификации.

Scroll to Top