Австралискиот тенисер Ник Кирјос и помогнал на полицијата да фати лице кое со пиштол и се заканил на неговата мајка, а потоа и го украл автомобилот, објавија денеска медиумите.
Еј-би-си, објави дека судските документи покажуваат дека Кирјос ја користел апликацијата Тесла за да го следи и успори возилото додека полицијата го бркала во Камбера во понеделникот наутро.
Според тие документи, мажот вперил пиштол кон мајката на Кирјиос, ги побарал клучевите од автомобилот и прашал како да го вози. Кога влегол во автомобилот, таа побегнала и повикала помош. Кирјиос, кој бил во близина, повикал полиција и и помогнал да му влезе во трага на возилото.
Полициската потера завршила кога автомобилот влегол во училишна зона. Набргу крадецот бил упасен.
На 32. годишниот маж му беше одбиена кауција откако се појави пред суд по пет обвиненија во врска со инцидентот, кои вклучуваат тешка кражба, управување со украдено возило, несовесно возење и одбивање да застане.
Ник Кирјиос минатата година стигна до финалето на Вимблдон и четвртфиналето на Ју-ес опен, но нема одиграно меч од минатиот октомври, кога се повлече од турнирот во Јапонија, поради повреда на коленото.