Top Sport

Војдан: Во Талин ќе видиме со каков квалитет располагаме

Кошаркарската репрезентација на Македонија доби тешка група во претквалификациите за пласман на Олимписките игри во Париз. Од 12 до 15 август, во Талин, Естонија, Македонија ќе игра против домаќинот, Израел и Чешка.

Капитенот на „црвено-жолтите“, Војдан Стојановски смета дека групата е конкурентна, дури и ја оценува како добра.
„Сметам дека групата која ја добивме е добра. Кога велам добра, мослам од причина што носи реален квалитет, и можност да видиме каде сме, односно каде ќе бидеме во тој момент. Ќе биде одлична можност за проверка на нашите квалитети во еден повисок квалитативен ранг од оној што го игравме во изминатите претквалификации за Евробаскетот. Пред нас се три доста квалитетни селекции. Естонија е домаќин на турнирот, а тоа значи дека штом испратиле пријава за организација, имаат високи амбиции. Израел и Чешка се постојани учесници на Евробаскетот“.

За него е доста многу поважно во каков состав ќе бидеме на турнирот во Талин.

„Дали и колку ќе бидеме конкуренти, тоа зависи во каков состав ќе бидеме во Талин. Се надевам дека за разлика од последниот циклус од претквалификациите, ќе бидеме комплетни. Дека ќе можеме да сметаме и на некои играчи кои ги немавме на минатите натпревари, како Љубомир Младеновски. Се надевам дека ќе го имаме и Ненад Димитријевиќ, дека со нас ќе биде и Андреј Јакимовски. И најважно од се, е да нè послужи здравјето во периодот кој што следува“, изјави капитенот на македонската репрезентација за интернет страницата на МКФ.

Фото/kfsm.mk

Scroll to Top