Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис вели дека неговиот клуб ја заслужува „титулата за чесноста“ и посочува дека би освоиле повеќе титули да не биле „нерегуларностите“, обвинувајќи ги ривалите за матни работи. Наполи, откако викендов не успеаја дома да ги совладаат Салернитана и да ја запечатат титулата, следна шанса имаат во четврток на гости кај Уинезе.
„Понекогаш кога бевме втори, требаше да победиме. Се чувствувам како да сме освоиле повеќе титули, но најважно, ние ја имаме титулата за чесноста. Почнавме со овој циклус пред некое време, но потоа некои нерегуларности кои се повторуваа влијаеја и на нас. Горд сум што гледам радост на улиците, мислам дека придонесов за тоа“, вели Де Лаурентис.
Ова, секако, најмногу е критика за Јувентус, кои уште се под истрага за повеќе финансиски нерегуларности во последните неколку сезони иако им беа привремено вратени 15-те поени кои им беа одземени за вештачко зголемување на вредноста на нивните фубалери.