И покрај сите критики за огромниот број на нови играчи во тимот, Челси се договориле за трансфер од 17.6 милиони фунти на еквадорскиот талент Кендри Паез од Индепендиенте дел Валје, објавуваат повеќе англиски медиуми.
Со потписот на 15-годишниот Паез, кој игра во средината на теренот, се продолжува стратегијата на потпис на млади перспективни фудбалери под водство на новиот газда, Тод Бели. Тинејџерот ќе остане уште две години во Еквадор според Фабрицио Романо и сигурно ќе биде дел од академијата на клубот пред да влезе во првиот тим.
Челси потрошија на 500 милиони фунти во последните два преодни рока, но имаат фрустрирачка сезона во која се на 12. место во Премиерлигата со катастрофални резултати.