Поранешниот ВБЦ шампион во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер бил уапсен во Лос Анџелес во вторникот наутро поради носење на скриено оружје, јавува „ТМЗ“.
Американецот бил сопрен од полицијата бидејќи неговиот „Ролс Ројс“ имал негелално затемнети стакла, а не биле видливи ниту табличките. Полицијата по претресот на возилот нашле марихуана, но и пиштол. Вајлдер поминал неколку часа во притвор, по што платил кауција.
37-гоишниот Вајлдер е во преговори за борба со уште еден поранешен шампион, Британецот Ентони Џошуа, а заинтересиран е и за меч со поранешниот ММА шампион, Френсис Нгану. Вајлдер ја загуби титулата од Тајсон Фјури по два последователни порази, а се врати во рингот во октомври минатата година кога го нокаутираше Роберт Хелениус.