Поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели се оженил со својата партнерка Дениз Акалин на крајот на април, и на „тајната“ церемонија имало место за само двајца поранешни фубалери на Јуве, Павел Недвед и Марко Сторари, а не биле поканети ниту неговите братучеди, Џон и Лапо Елкан, тврди „Ла газета дело спорт“.
Ањели и Акалин стапиле во брак на 29 април во Лишано Ничоне, мало градче во близината на Перуџа во централна Италија и јавно не ја објавиле церемонијата на која присуствувале само 40-тина гости. Свадбата останала тајна додека партнерката на Недвед, Дара Ролинс не објавила фотографии на Инстаграм.
Недвед, кој беше фудбалер на Јуве и потпретседател на клубот под Ањели е близок пријател на Италијанецот, а Марко Сторари уште работи во Јувентус во академијата на клубот. Ањели и Недвед се повлекоа од бордот на Јувентус по скандалот со вештачкото зголемување на вредноста на фудбалерите на клубот и добија суспензии од италијанската федерација.
Solo Nedved e Storari alle nozze di Agnelli, non Elkann. Ora nuova vita all'estero https://t.co/SORNvVFyFE
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) May 3, 2023