Уникс Казан вчера се пласираше во финалето на руската ВТБ лига по елиминацијата на Зенит Санкт Петерсбург, во меч во кој беше фантастичен македонскиот репрезентативец, Нена Димитријевиќ, кој имаше апсолутно неверојатна послена четвртина.
На својот Јутјуб канал, ВТБ лигата го пофали Димитријевиќ за неговите 18-те поени во последните 10 минути. Димитријевиќ го заврши мечот со 28 поени.
Во финалната серија, која почнува во сабота, клубот од Татарстан игра со Локомотив Кубан.