Сем Алардајс го замени Хави Грасија како менаџер на Лидс јунајтед во обид да ги заддржи во Премиерлигата, по што на прес-конференција инсистираше дека е исто толку добар тренер како Пеп Гвардиола, Јирген Клоп и Микел Артета.
68-годишниот поранешен англиски селектор одговори на критичарите тврдејќи дека неговото фудбалско знаење го става на ист ранг како најдобрите тренери во Премиерлигата.
„Луѓето мислат дека сум застарен бидејќи имам 68 години. Тоа е далеку од вистината. Нема никој пред мене во познавањето на фудбалот, ниту Пеп, ниту Клоп, ниту Артета. Не велам дека сум подобара од нив, но мислам дека сме на исто ниво“, вели Алардајс.
"Not Pep, not Klopp, not Arteta…" ❌
Sam Allardyce says there is no manager ahead of him in terms of football knowledge and experience.pic.twitter.com/hQoGJ4u20H
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 3, 2023