Top Sport

(Видео) Влаховиќ и Јуве ја прекинаа „црната серија“, Аталанта со трилер против Специја

Јувентус ја прекина серијата од четири меча без победа, победувајќи го Лече со 2:1 во тежок меч за второ место на табелата, додека Аталанта со 3:2 победата над Специја остана во игра за пласман во топ 4 и место во Лигата на шампиони.

Лече покажа дека е во Торино за да освојува поени, кога постигнаа гол по само три минути игра, но ВАР системот го поништи погодокот на Асан Кисеј поради офсајд. Леандро Паредес во 15. минута од мечот ги донесе Јуве во водство, но Лече успеаја да израмнат преку Кисеј од пенал во 36. минута.

„Џокер“ на тимот на Макс Алегри беше Душан Влаховиќ, кој го постигна својот прв гол по 11 меча по асистенција на српскиот сонародник Филип Костиќ за три поени.

Аталанта, пак, во гол-шоу во Бергамо стигна до 3:2 победа над Специја за важни три поени во борбата за место во Европа. Емануел Гјаси ги донесе гостите во водство во 18. минута, но Аталанта се врати да израмни преку Мартен де Рон во 32. минута. Запакоста во 48. минута и Муриел во 54. минута го комплетираа пресвртот, пред Специја да намали на 3:2 преку Бурабија во 64. минута.

СЕРИЈА А, 33. КОЛО
Јувентус – Лече 2:1
Аталанта – Специја 3:2
Салернитана – Фиорентина 3:3
Сампдорија – Торино 0:2

Scroll to Top