Top Sport

Гризман блесна, Атлетико го „здроби“ Кадиз за второ место

Антоан Гризман влезе во елитното друштво во историјата на Атлетико Мадрид, а да ги предводи до 5:1 победа над Кадиз за преземање на второто место во Ла лига пред градскиот ривал, Реал.

Французинот ја потврди својата форма со два гола во првото полувреме, во 2. и во 27. минута, за да стигне до 155 гола за „рохибланкос“, искачувајќи се на третото место на вечната листа, со само 17 помалку од легендарниот Луис Арагонес. Алваро Мората во 49. минута и Јаник Караско во 57. минута од пенал зголемија на 4:0, пред Кадиз да врати еден гол со фантастичниот удар на Чоко Лозано во 72. минута. Само минута подоцна Нахуел Молина врати за 5:1.

Хетафе пак, со голот на Енес Унал од пенал во 3. минута, стигна до важна 1:0 победа над Селта Виго, за да се израмни на 34 поени со Валенсија во неизвесната борба за опстанок.

ЛА ЛИГА, 33.КОЛО
Атлетико Мадрид – Кадиз 5:1
Хетафе – Селта Виго 1:0

Scroll to Top