Top Sport

Алемани ќе се онесвестел кога го видел платниот список во Барселона

Спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани ќе го напушти клубот во јуни оваа година, објавија Каталонците на својата официјална веб-страница. Алемани дојде во Барса со Џоан Лапорта во 2021 година, разочаран од економските планови на клубот реши да не ја продолжи соработката. Тој ќе продолжи да работи во Астон Вила, каде тренер е неговиот сонародник Унаи Емери. По завршувањето на сезоната функцијата на Алемани ќе ја преземе поранешниот играч на Барселона, Деко.

Матеу Алемани е човекот според чии план Барса успеа да го преживее тежок период. Под негово водство клубот продаде дел од имотот што му овозможи на клубот нормално работење.

Алемани е заслужен за доведување на играчи како Левандовски, Кеси или Кристенсен, но е против идејата за враќање на Меси и генерално не му се допаѓаат некои од плановите на клубот за летниот преоден рок.

Барселона и понатаму се наоѓа во тешка финансика ситуација, ќе мора да продава во летниот преоден рок за да може да ги регистрира новите играчи, но и да го регистрира најталентираниот играч од Академијата, Гави.

Покрај враќањето на Меси, Алемани би против планивуте на Лапорта да им бидат продолжени договорите на Серхи Роберто и Серхио Бускетс.

Според новинарот Алфредо Мартинез, кога Алемани за прв пат го видел платниот список на Барса, за малку ќе се онесвестел.

„Матеу сакаше да го обнови тимот. Тој не сакаше Серхи Роберто и Бускетс да останат во клубот. Тој не можеше да го развие проектот онака како што сака поради економската ситуација во клубот“, вели Мартинез.

И покрај тоа што бил против враќањето на Меси, прифатил компромис. Барселона на Аргентинецот би му понудила договор според системот 1 + 1, а Меси самиот би можел да ја одбие втората сезона. Платата би била 25 милиони евра годишно.

Алемани лично го известил Лапорта за неговата намера да започне нова кариера, но во исто време ветил дека ќе го заврши летниот преоден рок. .

Се очекува Алемани да продолжи да им помага на Каталонците во преговорите со Ла Лига, односно да најде модел како клубот ќе може да ги реализира трансферите на Гундоган, Иниго Мартинез и Меси.

Scroll to Top