Брајтон успеа да го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 и да му го отежне патот во трката за пласман во Лигата на шампионите. Драматичен беше финишот, кога домаќинот доби пенал, а успешен реализатор беше Алексис Мекалистер во 99.минута од дуелот.
Лук Шо играше со рака во шеснаесетникот во 97.минута, а по сингализација од ВАР собата, судијата Андре Маринер покажа на белата точка.
Мекалистер го испрати Де Хеа во едната, а ја пласираше топката во другата страна од голот и го реши натпреварот.
Манчестер Јунајтед се наоѓа на четвртата позиција со 63 бода, четири повеќе од Ливерпул, кој има и еден одигран натпревар повеќе.