Top Sport

(ВИДЕО) Неапол „во пламен“ – Почна шампионското лудило

Наполи е шампион на Италија. Елиф Елмас и неговите соиграчи на пет кола пред крајот и официјално го освоија „скудетото“. Тоа е прва титула во Неапол по ерата на Диего Армандо Марадона.

Фановите долго се подготвуваа за оваа шампионска прослава и сигурно ќе ја слават лудо.

Вечерва стадионот во Неапол беше исполнет до последното место иако тимот играше на гости во Удине, а веднаш по освојувањето на титулата – почна прославата. Неапол е во пламен.

Scroll to Top