Top Sport

Ричардсон во Доха го урна рекордот на неодамна починатата Тори Боуви

Американската спринтерка Ша’Кери Ричардсон истрча 10.76 секунди на 100 метри на митингот од Дијамантската лига во Доха, рушејќи го рекордот на митингот на нејзината сонародничка, 32-годишната Тори Боуви, која неодамна беше пронајдена мртва во својата куќа додека била бремена во седми месец.

Ричардсон постави најдобро време оваа сезона, победувајќи ги Јамајчанката Шерика Џексон (10.85) и Британката Дајна Ашер-Смит (10.98).

Scroll to Top