Тотенхем со голем интерес го следи напаѓачот на Рома, Тами Ејбрахам. 25-годишниот Англичанец е една од желбите за летната селекција на клубот и не е исклучено да упати официјална понуда за него, пишуваат англиските медиуми.
За разлика од неговата прва сезона за „волчицата“, во која Ејбрахам постигна 27 гола во сите натпреварувања и му помогна на тимот да ја освои Конференциската лига, оваа кампања фудбалерот имаше многу поскромни настапи. Постигна само девет гола и забeлежа седум асистенции. Сепак, Англичанецот останува класичен напаѓач и Тотенхем верува дека може да ја зголеми конкуренцијата во нападот, каде тимот е премногу зависен од Хари Кејн.
Се верува дека Рома е подготвена да ги слушне понудите за Ејбрахам. Италијанскиот клуб е подготвени да се раздели со него за понуда од 45 милиони евра, а таква сума нема да биде проблем за клуб како Тотенхем.
Лондонскиот клуб би можел да се соочи со конкуренција за потписот на Тами Ејбрахам, кого го бара и Манчестер Јунајтед, а ситуацијата ја следи и неговиот поранешен клуб Челси.