Top Sport

Сопругата на Кобиљски со срцепарателна порака три дена по масакрот во Белград

Во средата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград се случи неверојатен масакр и огромна трагедија. 13-годишен ученик влезе вооружен во училиштето и почна да пука. Полицијата потврди дека загинаа осум деца и еден чувар, а напаѓачот брзо беше уапсен.

Меѓу жртвите е и Е.К, ќерката на познатиот српски одбојкар и тренер Драган Кобиљски, поранешен играч на Партизан и тренер на Црвена Звезда. Тој итно пристигна од Романија во тешките моменти, а три дена по трагедијата се огласи и неговата сопруга Нина на Фејсбук.

„Ви благодарам многу на сите, бескрајно го цениме секој збор на утеха и поддршка, како треперлива светлина во најдлабоката темнина. Се молиме за сите наши ангели и нивниот небесен чувар Драган. Се молиме за нашите повредени пријатели и учител. Колку што сме без зборови со болката на нашите напатени деца, многу сме среќни за сите што успеале да се спасат. Господ да не чува од гнев и горчина, да ни даде сила и љубов, за да ја преживееме некако оваа болка“, објави Нина Кобиљски.

Фотографиите на Кобиљски го обиколија светот откако тој го презеде ранецот и розовата тетратка на својата 14-годишна ќерка која беше убиена во пукотницата. После тоа залепи некролог на вратата од училиштето.

Трагедијата во училиштето во Белград се случи во средата околу 8 часот и 40 минути, кога 13-годишниот Коста Кецмановиќ, ученик од седмо одделение, уби осум ученици и чуварот, а рани шест ученици и еден наставник по историја.

Scroll to Top