Манчестер сити стигна до 2:1 победа над Лидс за да остане прв фаворит за титулата во Англија, но мечот ја покажа и суровата, некои би кажале и брутална страна на работата под Пеп Гвардиола.
Менаџерот на англискиот шампион беше лут на Ерлинг Халанд откако тој му го предаде изведувањето на пеналот на Илкај Гундоган. При 2:0 резултат, и откако Гундоган постигна два гола во пвото полувреме, во последните 10 минути беше досуден пенал и Халанд му го предаде обидот на Гундоган, кој за несреќа утна, и Гвардиола постојано врескаше: „Мора да го изведеш“ покажувајќи кон фудбалерот.
„Прво тој покажуваше кој Ерлинг да му каже дека е лут, а потоа се сврти кон мене. Тоа е што е. Кога Ерлинг ја зеде топката, бев сигурен дека ќе шутира, но тој ме бараше мене“, изјави Гундоган по мечот.
Крвта на Каталонецот сигурно вриеше кога Родриго постигна гол за Лидс помалку од една минута подоцна, но Сити остана со победата.
„Мечот не беше готов. Тоа покажува каков човек е Ерлинг. Ако е 4:0 на 10 минути тогаш океј. Но, на 2:0? Ерлинг е најдобар во изведувањето пенали и мора да ги изведува“, беше краток Гвардиола.
Pep Guardiola’s reaction to Haaland not taking the penalty but rather giving it to Gündoğan.
Do I'll think Haaland did the rugby thing to give the penalty to Gündoğan who already had 2 goals? pic.twitter.com/fpYkQ2D7ZV— Zeus⚡️ (@ZeusIsBlue) May 6, 2023