Денвер Нагетс загубија од Феникс Санс со 129:124 и сега резултатот е 2-2 во серијата од второто коло од плејофот на Западната конференција.
На Нагетс не им помогна ниту фантастичната игра на Никола Јокиќ – тој постигна нов рекорд во плејофот 53 поени, шутираше 20 од 30 од поле, а додаде 4 скока и 11 асистенции.
За време на натпреварот, Јокиќ ја грабна топката од рацете на сопственикот на Санс, Мет Ишбија, поради што заработи техничка грешка. Јокиќ се обиде да одигра брз напад, но Ишбија го спречи во тоа.
Човекот кој го реши натпреварот беше резервистот на Санс Лендри Шемет со четири тројки во последната четвртина. Нагетс цело време се бореа, стигнаа до -3 на 22 секунди до крајот, но домашните го задржаа водството.
Повторно одличен беше Девин Букер со 36 поени (14-18 од поле), 6 скока и 12 асистенции, а Кевин Дурент постигна 36 (11-19 од поле), со 11 скока и 6 асистенции, а споменатиот Шемет постигна 19 (6-9 од игра).
Кај Нагетс, покрај Јокиќ, расположен беше и Џамал Мареј со 28 поени (13-25 од поле, 5с, 7с).