Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, а сега тренер во академијата на Тотенхем, Јаја Туре го нападна својот поранешен агент Димитри Селук, откако тој за англиските медиуми се пофали дека е „крената“ клетвата кон Пеп Гвардиола од африканските шамани, велејќи дека се работи за глупава приказна.
Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Туре се јави преку социјалните мрежи за да го демантира Селук.
„Мојот поранешен агент дава изјави во медиумите за клетви. Ве молам не ме поврзувајте со овие глупости и стереотипи за африканските клетви. Медиуми, ве молам одете понтаму. Тој човек не ме претставува во никаков начин. Да се зголемуваат ваквите стереотипи е штетно“, вели Туре.
Туре си замина од Манчестер сити во 2018 по четири години во клубот каде што беше клучен играч, пред да влезе во конфликт со Гвардиола. Потоа тој играше во Грција и во Кина, пред во август 2022 да се врати како тренер во Тотенхем.
My former agent is being quoted by the media about a ‘curse’.
Please don’t associate me with this nonsense and lazy stereotypes about African curses!? 🤔
Media… move on please. This man does not represent me in any way. Amplifying these stereotypes is harmful.
— Yaya Touré (@YayaToure) May 8, 2023
Јаја Туре ја „кренал“ клетвата на Гвардиола во Лигата на шампиони