Top Sport

Црвена звезда во полуфиналето на АБА лигата против Будуќност

Црвена звезда се пласираше во полуфиналето на АБА-лигата, откако го добија и вториот меч против Задар, победувајќи рутински на гости со 74:63, за да обезбедат дуел со стариот ривал, Будуќност Подгорица, кои претходно со 2:0 ја победија Мега.

Во меч полн со грешки и промашувања, во првата четвртина, Звезда направи предност од 19:12, за во втората да стигнат до +14, но потоа Задар се врати со 13-0 серија за да поведе со 33:30. Во второто полувреме, Звезда го врати водството и потоа не дозволи изненадување до крај.

Лука Митровиќ беше најефикасен за српскиот клуб со 13 поени, 12 поени уфрли Факундо Кампацо, додека за Задар, МВП на редовниот дел од сезоната, Лука Божиќ постигна 17 поени.

Scroll to Top