Top Sport

Евра како Кантона со кунг-фу удар нокаутира навивач (Видео)

Поранешниот француски репрезентативец Патрис Евра е исклучен пред почетокот на натпреварот во Лига Европа помеѓу Виторија Гимараеш и Олимпик Марсеј откако се пресметал со еден навивач.

Левиот бек, кој најдобрите моменти од кариерата ги мина во Манчестер Јунајтед и Јувентус, половина час пред почетокот на натпреварот, влегол во вербална расправија со навивачите од Марсеј, а потоа со еден карате удар го погодил навивачот во главата.

Сличена пресметка со навивач во минатото имаше и неговиот сонародник Ерик Кантона, разликата е само во тоа што контроверзниот Кантона тоа го направи за време на натпревар.

Scroll to Top