Марк Маркез викендов ќе се врати на патеката за Големата награда на Франција, откако лекарскиот тим, кој му ја оперираше десната рака, му дозволи повторно да се трка. Операцијата беше неопходна поради падот на Маркез, на стартот од првата трка во Портимао. Поради повредата Шпанецот пропушти три трки (Аргентина, САД, Херез).
Маркез сакаше да се врати на патеката во Херез, но лекарите беа против и тој се најде во улога на гледач на Шпанското ГП. Сепак, две недели подоцна, Марк е подготвен повторно да се натпреварува.
Маркез утре ќе треба да ги помине прегледите на лекарската комисија во Мото ГП, за да биде сигурен дека во петок ќе може да започне со слободните тренинзи.
Маркез моментално е 19. во генералниот пласман, со 80 поени зад Франческо Бања.
Сепак, до крајот на сезоната остануваат уште 16 тркачки викенди, во кои возачот може да освои најмногу 592 поени – 400 од неделните трки и уште 192 од спринтовите, па борбата за титулата допрва започнува.