Бостон Селтикс со брејк во Филаделфија изборија мајсторка против Филалделфија за пласман во финалето, во Источната конференција. Селтикс шестиот натпревар од оваа серија го добија со 95:86.
Бостон Селтикс имаа предност во втората четвртина од 16 поени, меѓутоа катастрофално го одиграа третиот период, дозволија Филалделфија да се врати во натпреварот. Во првите три четвртини, најдобриот играч на Бостон, Џејсон Тејтум погоди само еден шут од поле (1/13).
На шест минути до крајот на мечот Филаделфија имаше два поени предност, но до крајот домаќините постигнаа само три поени. На спротивната страна се разбуди Тејтум постигна четири тројки со кои Селтикс забележаа победа.
Најефикасен кај Бостон беше Маркус Смарт со 22 поени и по 7 скока и асистенции, а Џејсон Тејтум додаде 19 поени (5/21 од поле), девет скока и шест асистенции. Џејлен Браун додаде 17, а Малколм Брогдон 16 поени кај гостите од Масачусетс.
Џоел Ембиид и Тајрис Макси постигнаа по 26 поени кај домаќините. Камерунецот, актуелниот МВП на лигата, шутираше 9/20 од поле, а имаше и 10 скока, 3 блокади и 4 загубени топки. Џејмс Харден постигна скромни 13 поени, со уште поскромен учинок кога е во прашање шутот од поле – 4/16. Тој имаше и седум скока, девет.
Очигледно е дека кога станува збор за Филаделфија, клучот на серијата е Џејмс Харден. Поранешниот МВП повторно забележа бледа партија. Во трите порази во оваа серија „Брадата“ од поле шутира 9/44, а во победи е 37/61.