По неочекуваниот 1:2 пораз од Базел во првиот меч од полуфиналето на Конференциската лига, во тимот на Фиорентина имаше неколку бурни часови со критики за фудбалерите, за тренерот Винченцо Италијано, но и со контроверзи во кои се најдоа Лука Јовиќ и Алекса Терзиќ.
Неколку часа по поразот, двајцата на социјалните мрежи споделија видео од еден фан, каде што се критикуваше Италијано и неговата тактика.
„Тактичка катастрофа од Италијано. Требаше да ги ставиш во игра 11-те од Наполи. Посебно Лука и Терзиќ, вистинска грешка што беа на клупата. Само ротираш и губиш во толку важен меч. Италијано нема поим, ниту визија“, вели навивачот во тоа видео.
Неколку часа подоцнаа, двајцата фудбалери мораа да се извинуваат.
„Би сакал да се извинам на тренерот, на соиграчите и на клубот. Само ја видов фотографијата, беше моја грешка што не внимавав и немав намера да ја обезвреднувам работата која ја вршиме заедно со тренерот“, напиша Јовиќ на социјалните мрежи.