Келн со 5:2 ја совлада Херта Берлин во првиот меч од 32. коло во Бундеслигата, така поттурнувајќи ја „старата дама“ на германскиот фудбал кон втората лига. Со само два меча до крајот на шампионатот за нив, Херта остануваат последни со 25 поени, пет зад безбедната зона.
Дејви Зелке ги донесе Келн во водство по само осум минути игра, пред Херта да врати во 18. минута преку Лукас Тусар, за во 32. минута, Стеван Јоветиќ да им врати надеж дека можат до победа за 1:2 водство. Но, „јарците“ се вратија во водство со головите на Тимо Хуберс (39.) и Ељес Шкири (43.), пред во второто полувреме да им дадат уште два гола преку Хуберс во 69. минута и Денис Хусеинбашиќ во 81. минута.